РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 се раздели со тренерот Александар Зарков

87
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 се раздели со тренерот Александар Зарков

РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Заради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа.

Зарков е жива легенда на нашиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Еурофарм Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Еурофарм Пелистер.

Вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност и спортист како Александар Зарков. Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеДејан Георгиевски ќе се бори за златото
Следно соопштениеОсвоен сребрен медал на Европските игри во Краков