РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 заврши на четвртото место на меморијалниот турнир ,,Миле Нешкоски” во Прилеп

132
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 заврши на четвртото место на меморијалниот турнир ,,Миле Нешкоски” во Прилеп

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на Михаил Петровски го освои четвртото место на традиционалниот турнир во Прилеп.

Во малото финале на турнирот „Миле Нешкоски“ домашниот тим на Прилеп беше поуспешен од пелагонискиот ривал Еурофарм Пелистер 2. Прилепчани до третата позиција стигнаа со победа од 29-24. Во таборот на пелистерци шест гола запиша крилото на кадетската репрезентација, Ненад Белистојаноски, а еден помалку постигна неговиот репрезентативен колега Мирче Калајџиески.

Претходно во групната фаза Еурофарм Пелистер 2 загуби од Пролет со 22-12, ремизираше со Мулти Есенс со 34-34 и го победи Кокс со 32-28.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеШаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија
Следно соопштениеИ ГОДИНАВА ЌЕ ИМА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО КАРПОШ