Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија

140
Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија

На денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено скандалозно Предлог–решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година на СОУ Гимназија „Кочо Рацин ” – Велес.

Ова предлог решение е иницирано од министерот Шаќири, кој испрати известување до велешката гимназија да се примаат ученици со помал број освоени бодови од законскиот минимум.

Се работи за уште една незаконска наредба на министерот Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата. Оваа предлог-одлука предвидува да се примаат ученици со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени!

Не е првпат МОН да се обидува да ги заобиколи законските одредби. Очигледно дека „кадарот“ од универзитетот на Мерко не е способен да разбере дека министерското столче не го става над законот. Јасно е дека се работи за самоволие на министерот Шаќири, кој преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес се обидува вештачки да креира нови албански паралелки.

Советничката група на Левица е против ваквата скандалозна одлука на министерот и така ќе гласа на денешната седница на совет!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

30.08.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата на ДУИ и СДС нема пари за учебници, за лекови, а има за фирмите на своите роднини
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 заврши на четвртото место на меморијалниот турнир ,,Миле Нешкоски” во Прилеп