РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го доби Охрид за полуфинален ривал во Купот

6
РК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го доби Охрид за полуфинален ривал во Купот

Денес во просториите на Ракометната федерација, беше извршена ждрепката за „фајнал-фор“ турнирот во Купот на Македонија за мажи. Изненадувачки, како и лани во Охрид, така и годинава во Струмица во полуфиналето ќе ги гледаме истите дуели.

Минатогодишниот финалист и актуелен првак на Македонија, Еурофарм Пелистер за место во ново финале ќе се бори против екипата на Охрид. Во второто полуфинале Вардар за противник го доби Алкалоид. Полуфиналните натпревари се играат на 17 април од 17:00 и 20:00 часот.

Големото финале е закажано за 19 април (недела) во терминот од 19:00 часот.

Федерацијата ја одреди Струмица да биде домаќин на завршниот турир, како неутрален терен на одигрување на натпреварите.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Словенецот Хенигман и следната сезона ќе игра за Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеУМЕТНИЧКИ ДЕНОВИ НА „ТАНЦОТ НА БОИТЕ“ ВО КАРПОШ