РК Еурофарм Пелистер – Словенецот Хенигман и следната сезона ќе игра за Еурофарм Пелистер

72
РК Еурофарм Пелистер – Словенецот Хенигман и следната сезона ќе игра за Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе се потпре на словенечката класа и професионалност на Ник Хенигман. Клубот потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

Во Хенигман гледаме харизматична додадена вредност на нашиот ростер и, иако во нашиот клуб е само една сезона, чувствуваме како долго да сме заедно. Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација.

Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сант Рафаел и Шамбери (Франција).



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Јуниорите на Еурофарм Пелистер на чекор до „фајнал-фор“
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер го доби Охрид за полуфинален ривал во Купот