РК Еурофарм Пелистер – Фестивал на голови во пелагониското дерби, Еурофарм Пелистер ја заврши годината со победа

126
РК Еурофарм Пелистер – Фестивал на голови во пелагониското дерби, Еурофарм Пелистер ја заврши годината со победа

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер славеше победа против Прилеп со 33-38 од рамките од 14. коло во Суперлигата. Битолскиот тим од почетокот до диктираше темпото и поведе со 7-12 на полувреме од првиот дел, а таа предност од пет гола ја одржуваше и до паузата кога на семафорот стоеше 15-20.

Во вторите триесет минути Прилеп се разигра додека темпто на „пелистерци“ почна да опаѓа. На десетина минути до крајот Прилеп успеа и да изедначи на 28-28. Сепак во драматичната завршница шампионот беше подобар и не дозволи изненадување.

Петровиќ во редовите на победничкиот тим беше најефикасен со десет гола, додека Шабановиќ постигна осум за Прилеп.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Група Б – 14. коло

Прилеп – Еурофарм Пелистер 33-38 (15-20)

Спортска сала „Ристе Ристски-Ричко“ – Прилеп
Гледачи: 500
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски

Прилеп:
Ацевски, Ангелески, Цветаноски 6, Кастратовиќ 5, Рајатовски 1, Адамчески, Бикоски, Квастек 2, Крстески, Велески 1, Бурчески 2, Лозаноски, Шабановиќ 8, Имнадѕе 2, Трајкоски 6, Трајчевски
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Тајник, Борзаш, Танкоски 3, Радивојевиќ 1, Костески 6, Петровиќ 10, Пет. Атанасијевиќ 7, Пав. Атанасијевиќ 3, Васиљев 3, Ѓорговски 2, Пешевски, Сери, Стевановиќ 1, Кузмановски 2
Седмерци: /
Исклучувања: 4 минути

Ракометарите на Еурофарм Пелистер заминуваат на заслужен одмор, а првенството продолжува со плеј-офот во февруари 2024 година.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што го темелат најавеното ново поскапување на електричната енергија од страна на властите?!
Следно соопштениеНОВ АРТРОСКОПСКИ СТОЛБ ЗА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДСКИ БОЛЕСТИ, ЗГОЛЕМЕН КВАЛИТЕТОТ ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ИНТЕРВЕНЦИИ – Министерство за Здравство