Сега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што го темелат најавеното ново поскапување на електричната енергија од страна на властите?!

113
Сега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што го темелат најавеното ново поскапување на електричната енергија од страна на властите?!

Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски?
Граѓаните со право се загрижени, бидејќи функционерите  на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија.
Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани.

Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери а власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист.

Сега кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас, на што го темелат најавеното ново поскапување на електричната енергија од страна на властите?!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМихаилоски: СДСМ ги поддржува младите, 17 милиони евра добиваат студентите и учениците со новите мерки
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Фестивал на голови во пелагониското дерби, Еурофарм Пелистер ја заврши годината со победа