РК Еурофарм Пелистер – Хрватскиот бек Басанесе нов член на Еурофарм Пелистер

5
РК Еурофарм Пелистер – Хрватскиот бек Басанесе нов член на Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика.

Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер.

Клубот ќе го претстави на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово
Следно соопштениеТРИДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ СО ОРО И ПЕСНА“