ТРИДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ СО ОРО И ПЕСНА“

6
ТРИДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ ЗА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ СО ОРО И ПЕСНА“

Традиционално по  триесетти, јубилеен пат,  од 05-ти  до 09-ти  јуни се  одржува  Меѓународниот детски фолклорен  фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“, во организација на младинското културно-уметничко друштво „Цветан Димов“ од Општина Карпош. Главниот концерт се одржа на 06-ти јуни на сцената во училиштето „Петар Поп Арсов“.

Оваа година учесници на фестивалот се детски ансамбли од Република Северна Македонија,  како и од соседните  Р.Бугарија и Р.Србија, а согласно програмата, претходно се одржа фолклорно дефиле на сите ансамбли кое се одвиваше низ  улиците  на Општина Карпош.

 Овој реномиран меѓународен  детски фолклорен фестивал е поддржан од Министерството за Култура на Р.С. Македонија, како и  од Општина Карпош.

Општина Карпош во континуитет, активно подржува проекти од областа на културата која претставува значаен сегмент од животот во заедницата.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Хрватскиот бек Басанесе нов член на Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеСДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им смета секој меѓународен напредок и дипломатски успех