РК Еурофарм Пелистер – Капитенот остамува: Филип Кузмановски и следната сезона во Еурофарм Пелистер

38
РК Еурофарм Пелистер – Капитенот остамува: Филип Кузмановски и следната сезона во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја заврши најважниата задача пред стартот на новата сезона, откако обезбеди продолжување на соработката со капитенот Филип Кузмановски.

Македонскиот репрезентативец ќе остане дел од битолскиот клуб и во наредната сезона. Кузмановски донесе одлука да остане во Битола и да продолжи да го предводи тимот како капитен.

За Кузмановски ова ќе биде трета сезона по враќањето во Битола во 2023 година. Неговата кариера го одведе низ повеќе клубови, откако во 2015 година го напушти матичниот клуб и настапуваше за Металург, Еурофарм Работник, а потоа и во Германија каде ги бранеше боите на Магдебург, Хановер и Вецлар.

Битолчани подготовките за новата сезона ќе ги стартуваат на 26 јули, а тимот ќе го предводи новиот тренер Лино Червар.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ЗА ЖЕНСКОТО КАДЕТСКО ЕХФ ЕУРО 2027!
Следно соопштение Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ