МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ЗА ЖЕНСКОТО КАДЕТСКО ЕХФ ЕУРО 2027!

33

Ракометната федерација на Македонија со особено задоволство информира дека доби организација на квалификацискиот турнир за пласман на женското кадетско ЕХФ ЕУРО 2027, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември 2026 година во Скопје.

Нашата кадетска женска репрезентација ќе настапи во групата Б, заедно со селекциите на Литванија, Косово и Грција, а турнирот ќе се игра пред домашна публика во македонската престолнина.

Првите две селекции од групата ќе обезбедат пласман на Европското првенство, а дополнително ќе се пласира и најдоброрангираната третопласирана репрезентација од сите квалификациски групи.

Им посакуваме многу успех на нашите млади ракометарки во борбата за место на завршниот турнир на Европското првенство 2027!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНОВИ ФИТНЕС ИГРАЛИШТА ВО УЧИЛИШТАТА ВО КАРПОШ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Капитенот остамува: Филип Кузмановски и следната сезона во Еурофарм Пелистер