РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски пак најефикасен, Пелистер со полн плен се враќа од Скопје

100
РК Еурофарм Пелистер – Кузмановски пак најефикасен, Пелистер со полн плен се враќа од Скопје

Првакот Еурофарм Пелистер со ефикасно издание славеше над Пролет со 27-36 (13-15) во 11. плеј-оф рунда во Суперлигата. „Зелено-белите“ имаа проблеми да се наметнат во првото полувреме и првиот дел го завршија со предност од +2. Сепак, во продолжението избраниците на Бранислав Ангеловски покажаа зошто се шампиони и први фаворити за трофејот и дојдоа до убедлив триумф, триумф број десет во оваа фаза на шампионатот.

Кузмановски се издвои со девет погодоци, Димковски со осум реализации беше прво име кај поразените.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф – 11. коло:

Пролет – Еурофарм Пелистер 27-36 (13-15)

Спортска сала: „Македонско сонце“ – Скопје
Гледачи: 500
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

Пролет:
Михаљевиќ, А. Петковски, Х. Петковски, Тотиќ, Крстевски, Пецаковски, Василевски, Димов 1, Андоновски 3, Мајнов 5, Димковски 8, Стојановски, Младеновски, Палевски 4, Спасовски 2, Арсеновски 4
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер :
Лесјак, Гедбан, Манасков 4, Цехте 1, Кузманоски 2, Тајник, Борзаш 1, Танкоски 1, Радивојевиќ 1, Кузмановски 9, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 3, Васиљев 4, Пешевски 1, Пав. Атанасијевиќ 2
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 8 минути

Во следното 12. коло на плеј-офот Еурофарм Пелистер в среда од 19:00 часот го пречекува Тиквеш.



Извор на соопштението

Претходно соопштение23 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Зошто се променети термините за полуфиналните натпревари од Купот?