РК Еурофарм Пелистер – Зошто се променети термините за полуфиналните натпревари од Купот?

94
РК Еурофарм Пелистер – Зошто се променети термините за полуфиналните натпревари од Купот?

РК Еурофарм Пелистер е изненаден од неочекуваната промена на термините на полуфиналните натпревари од завршницата на Купот на Македонија во ракомет. За првпат во повеќе од три децении завршница на Купот на Македонија во ракомет се случува промена на веќе регуларно извлечени термини за одигрување на натпревар (извлекувањето беше јавно). Со ваквата одлука се нарушува регуларноста на натпреварувањето и се прави непријатен исклучок каков што не е регистриран никаде во светот кога е овој тип на натпревари во прашање.

Со оваа одлука јавно прашуваме дали се навестува нерегуларна завршница или некоја екипа мора да го освои Купот на Македонија?

Нашето незадоволство го објавуваме јавно, бидејќи од претходните искуства научивме дека на писмено доставените прашања до Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) не добиваме никаков одговор.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Кузмановски пак најефикасен, Пелистер со полн плен се враќа од Скопје
Следно соопштениеМицкоски: На 8 мај масовно граѓаните да излезат и да гласаат за иднината на Македонија, да не дозволат анахрони сили како Ковачевски да не влечат во минатото