РК Еурофарм Пелистер – Легендата Никола Митревски го обнови договорот со матичниот клуб

20
РК Еурофарм Пелистер – Легендата Никола Митревски го обнови договорот со матичниот клуб

Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.

Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеВчера Трајчулески вика излегуваме од Собрание, денес Филипче ретерира, Венко се враќа на нивната изборна идеја за укинување на техничката влада
Следно соопштениеСДСМ бара истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски?