Вчера Трајчулески вика излегуваме од Собрание, денес Филипче ретерира, Венко се враќа на нивната изборна идеја за укинување на техничката влада

21
Вчера Трајчулески вика излегуваме од Собрание, денес Филипче ретерира, Венко се враќа на нивната изборна идеја за укинување на техничката влада

Очигледно е дека Венко Филипче се фати во сопствените лаги и станува се повидлив стравот од сопствениот пораз. Вчера, Митко Трајчулески од СДС, се закани дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада, а денес Филипче ретерираше од овој нивен став. Тоа е за поздравување, бидејќи така СДС се враќа на нивниот прв став за укинување на техничката влада. Предлогот за укинувањето на техничката влада е тоа да се случи по наредните избори. Противењето на ваквиот предлог покажува дека СДС признава дека стравува и два последователни порази, и фактот што народот не ги гледа како сериозна опција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче, гордиот носител на златна виза нема право да зборува за патриотизам
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Легендата Никола Митревски го обнови договорот со матичниот клуб