РК Еурофарм Пелистер – Ловќен убедливо поразен, Еурофарм Пелистер пак се соочи со Мирко Радовиќ

52
РК Еурофарм Пелистер – Ловќен убедливо поразен, Еурофарм Пелистер пак се соочи со Мирко Радовиќ

Еурофарм Пелистер – Ловќен 37-27 (16-13)

Битолски Еурофарм Пелистер ја запиша и втората победа на регионалниот ракометен турнир кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и се наоѓа на чекор до освојување на првото место. Избраниците на Рубен Гарабаја рутински го победија првакот на Црна Гора, Ловќен од Цетиње 37-27 (16-13).

Во текот на сите шеесет минути „зелено-белите“ водеа, но дури на почетокот од вториот дел се одлепија на недостижна предност. Скоро сите ракометари кои добија шанса за игра во напад се запишаа меѓу стрелците. Повторно во ростерот на пелистерци не настапија голманите Хаидарирад и Митревски, и Манасков, Ристевски и Кузманоски. Овој натпревар беше прво соочување на битолчани со нивниот поранешен капитен, Мирко Радовиќ, кого го даруваа пред почетокот на натпреварот.

Eурофарм Пелистер – Војводина 30-29
Еурофарм Пелистер – Ловќен 37-27
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (сабота 21:00)



Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Владата со цинични половина денар за килограм се фали со повисоки откупни цени на грозјето
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Пелистерци со победа над Војводина го отворија регионалниот турнир во Скопје