РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци со победа над Војводина го отворија регионалниот турнир во Скопје

50
РК Еурофарм Пелистер – Пелистерци со победа над Војводина го отворија регионалниот турнир во Скопје

Иако го бркаа резултатот во поголемиот дел од натпреварот, ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа српскиот вицешампион Војводина со 30-29 (15-16). Жилавиот тим од Нови Сад се претстави во одлично светло, но и со скратен ростер поискусниот тим од Битола стигна до првите бодови на турнирот.

Во првиот дел момците на Владан Матиќ постогјано водеа, на моменти и со +3. Сепак, како времето одминуваше „зелено-белите“ ја поправаа играта во одбрана и во последната четвртина од дуелот влегоа со егал на семафорот. Со индивидуалните квалитети на бековите и на капитенот Филип Кузмановски, македонскиот првак го доби натпреварот со 30-29, дури и без драма.

Битолчани настапија без неколку стандардни првотимци кои се полесно или потешко повредени. Рубен Гарабаја не можеше да смета на Митревски, Хаидарирад, Манасков, Ристевски и Кузманоски. Дуелот се играше пред мал број на гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Eурофарм Пелистер – Војводина 30-29
Еурофарм Пелистер – Ловќен (сабота 21:00)
Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 (сабота 21:00)



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ловќен убедливо поразен, Еурофарм Пелистер пак се соочи со Мирко Радовиќ
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Нов договор за Калајџиески, ќе го носи зелено-белиот дрес до 2029 година