РК Еурофарм Пелистер – Message Body Хосни донесе бод од тешкото гостување во Автокоманда

50
РК Еурофарм Пелистер – Message Body Хосни донесе бод од тешкото гостување во Автокоманда

Екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер го одиграа второто дерби во третото суперлигашко коло, а мечот во „Автокоманда“ по голема битка и неизвесност, заврши со нерешен исход, со резултат 33-33 (15-14). Алкалоид со два гола предност влезе во финишот, но тогаш првакот се разбуди. Прво преку Тајник реализираше за 33-32 за да потоа пред звукот на сирената реализира и Хосни за реми на ова соочување.

Екипата на Рубен Гарабаја настапи без повредените Абутовиќ, Ристевски и Кузманоски, а само неколку минути доби повратникот Хаидарирад.

Тордарсон беше прво име кај „сино-белите“ со седум реализации, а Кузмановски постигна десет гола за битолчани.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Трето коло:

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 33-33 (15-14)

Спортска сала: „Автокоманда“ – Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Алкалоид:
Кизиќ, Галевски, Тордарсон 7, Маркоски, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Симоноски 1, Ивановски 1, Костески 3, Петковски 1, Митев 6, Борзаш 5, Аларов 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Хеидарирад Манасков 6, Цехте 1, Хакбарт 6, Тајник 4, Валид 2, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски 10, Калајџиески, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 1, Хосни 2, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 12 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер на домашен терен го пречекува тимот на Струга.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Витални бодови за Еуофарм Пелистер 2, полн плен за тимот на Зарков во Куманово
Следно соопштениеЛевица призна и се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството, ако Мојсоска била сметководител на партијата тоа е противзаконски