РК Еурофарм Пелистер – Витални бодови за Еуофарм Пелистер 2, полн плен за тимот на Зарков во Куманово

48
РК Еурофарм Пелистер – Витални бодови за Еуофарм Пелистер 2, полн плен за тимот на Зарков во Куманово

Еурофарм Пелистер 2 славеше со 28-30 на гостувањето во Куманово во рамките на третото коло од Суперлигата, во меч каде што тимот од Битола го контролираше резултатот во најголемиот дел од средбата.

Најефикасни кај победниците беа Белистојаноски со седум гола, го следеше Марковски исто така со седум, додека Баптист додаде шест. Тоше Ончев беше најрасположен кај домаќините со девет гола, од кои четири врзани во периодот од 53. до 59. минута, а Александар Стојков запиша седум гола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Трето коло:

Куманово – Еурофарм Пелистер 2 28-30 (12-15)

Спортска сала во Куманово
Гледачи: 500
Судии: Рубично Седлоски и Горан Ангелески

Куманово:
Мицеевски, Димитров 2, Вујчевски, Цветковски, Чековски 1, Стојановски, Трифуновски 1, Трајковски, Лазаревски, Крстаноски 1, Матачиќ 2, Иванов, Да Силва 4, Стојков 7, Ончев 9, Михајловски 1
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Мелин Фехми, Младенов, Маркоски 7, Гичев, Даневски, Митревски 3, Шулевски 3, Лазаревски, Димитровски, Пецаковски, Славков, Белистојановски 7, Дрогришки 1, Бен Мафуд 3, Баптист 6
Седмерци: 4/4

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен ќе го пречека Охрид.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Започна процесот за акредитирање за натпреварот Еурофарм Пелистер
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Message Body Хосни донесе бод од тешкото гостување во Автокоманда