РК Еурофарм Пелистер – Шампионот останува максимален, Еурофарм Пелистер пресилен за Струга

76
РК Еурофарм Пелистер – Шампионот останува максимален, Еурофарм Пелистер пресилен за Струга

Екипата на Еурофарм Пелистер останува перфектна и по шест кола во плејофот во Суперлигата, поточно го задржа својот 100 процентен учинок и по средбата со Струга која ја реализираше со резултат 34-23.

Многу беше јасно кој е фаворит на ова соочување, фаворитски статус кој избраниците на Ангеловски го потврдија на теренот во салата „Боро Чурлевски“ каде веќе по првиот дел имаа позитива од 16-9 за да во вторите триесет минути рутински го заокружат овој победнички настап.

Васиљев со шест и Цехте со пет погодоци беа најдобри стрелци.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-оф
Шесто коло:

Еурофарм Пелистер – Струга 34-23 (16-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Манасков 3, Цехте 5. Кузманоски, Тајник, Борзаш 3, Танкоски 3, Радивојевиќ 3, Кузмановски 4, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Васиљев 6. Пав. Атанасијевиќ 2, Пешевски 2
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

Струга:
Тутенкоски, Рикановиќ, Тренчевски 8, Ѓорѓиески, Савески, Младеноски 1, Кленковски, Јанкуловски, Симоноски, Пејчиноски, Велјаноски 1, Мечкароски, Костоски 1, Матески 4, Бошњак 8, Маркоски
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 2 минути

Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид во Автокоманда.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Витална победа на Еурофарм Пелистер 2 во Скопје прогив Голден Арт
Следно соопштениеКонцептот „Македонија повторно твоја“ нуди напредок, реформи и ред – промените се во твои раце