РК Еурофарм Пелистер – Витална победа на Еурофарм Пелистер 2 во Скопје прогив Голден Арт

73
РК Еурофарм Пелистер – Витална победа на Еурофарм Пелистер 2 во Скопје прогив Голден Арт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија важна победа во трката за опстанок во Суперлигата, откако денеска на гостувањето во Скопје против Голден Арт славеа со 21-26 (9-13). Со оваа победа тимот на Михаил Петровски е близу до останување во елитата, а Голден Арт ќе мора до крај да се бори за својата позиција во елитното друштво.

Најефикасен на натпреварот беше Белистојановски со 6 гола, додека во тимот на Голден Арт Давид Даев и Мице Шилегов имаа по 5 погодоци.

Ракомет
Суперлига 2023/24
Плеј-аут
Шесто коло:

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21-26 (9-13)

Спортска сала при СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Голден Арт:
Даскаловски, Бардакоски, Виларов, Трајковски, Христоски, Ончев 2, Глигоров, Даев 5, Стаменковиќ, Шилегов 5, Јанковски, Гошевски 2, Миланов 2, Милошевски 1, Дрпљанин 4, Гајиќ,
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Штаковски, Маркоски 4, Талевски 2, Митревски 5, Мирчески, Димовски, Трпчевски, Димитровски, Калајџиовски, Пецаковски, Ивановски 6, Белистојановски 2, Југовски, Мијушковиќ 3, Хаџиќ 4
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути

Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер 2 го игра пелагониското дерби против Прилеп.



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Победуваме со силата на многумина кои мора да излезат на гласање ако сакаат промени, за Македонија повторно твоја за промени кои се во твоите раце
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Шампионот останува максимален, Еурофарм Пелистер пресилен за Струга