ШАЈНИ ДОНЕСЕ СРЕЌА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГОЛЕМ БОД ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА!

93
ШАЈНИ ДОНЕСЕ СРЕЌА ЗА МАКЕДОНИЈА – ГОЛЕМ БОД ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА!

Шајни, симболот и маскотата на ЕМОФ, вечерва се најде во рацете на Сплеш, маскотата на Европското првенство во ракомет што се одржува во Данска.

Оваа пријателска средба се покажа како вистинска талична амајлија за нашиот тим и токму позитивната енергија на Шајни вечерва донесе огромна среќа за македонската ракометна репрезентација, која стигна до голем успех и освои значаен бод против фаворитот Португалија.

Шајни уште еднаш докажа дека е симбол на радоста. Тој со своите широки зраци ги пречекуваше сите гости на ЕМОФ и им посакуваше топло добредојде. Со својата енергија и издржливост ги поддржуваше спортистите да стигнат до посакуваните цели, а со својата широка и топла насмевка ја правеше атмосферата забавна и незаборавна – енергија која вечерва се прелеа и на ракометниот терен во Данска.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“
Следно соопштениеОтворени се пријавите за билети за Летните Oлимписки игри во Лос Анџелес во 2028!