Со СДС и Пакевски Берово нема чиста вода за пиење, а од ветените проекти за Младински културен центар и ГП Клепало нема ни трага ни глас

114
Со СДС и Пакевски Берово нема чиста вода за пиење, а од ветените проекти за Младински културен центар и ГП Клепало нема ни трага ни глас

Два месеци Берово е без чиста вода за пиење. Локалната власт на чело со градоначалникот Звонко Пекевски два месеци не можат да ја завршат реконструкцијата на резервоарите.

Со СДС и Пакевски во туристичката населба Беровско езеро нема вода.

Берово има лошо улично осветлување веќе 6-та година со Пакевски на чело.

Заради неспособноста на криминогеноста на локалната власт на СДС во Берово филтер станицата на ЈКП има исклучена струја.

СДС и Пакевски не знаат да менаџираат со парите на Беровчани, буџетот на средното училиште „Ацо Русковски“ е 97% потрошен, училиштето се соочува со проблеми.

СДС и Пакевски не можат да реализираат тековни работи, а за проектите кои ги ветија воопшто не станува збор.

Нема ништо од ветувањето за Младински културен центар, ниту од нов ГП Клепало.

6 години СДС и Пакевски во Берово, 6 години мизерија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМаричиќ: Крајно време е да се отвори темата зошто ДПМНЕ и Левица го блокираат патот кон ЕУ
Следно соопштениеЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА МАЛА ШКОЛА ЗА КРАТОК ФИЛМ ВО БИТОЛА