ЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА МАЛА ШКОЛА ЗА КРАТОК ФИЛМ ВО БИТОЛА

117

Од 30 октомври до 3 ноември, Битола е домаќин на Фестивалот на мала школа за краток филм во Битола. Синоќа во малата сала на Центарот за култура, се одржа свечено отворање на третото издание на овој фестивал. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, присуствуваше на свеченото отворање на овој фестивал, каде пред присутните меѓу другото нагласи дека општината ја дава поддршката на настани, кои што ја продлабочуваат соработката со Република Франција, особено делувајќи преку нашиот битолчанец кој живее и работи во Франција, Тони Гламчевски. Фестивалот на мала школа за краток филм претходно се одржа од 17-20 октомври во францускиот град Везелис, а неговото 19-то издание ќе биде годинава во францускиот град Нанси од 20 ноември до 8 декември.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСо СДС и Пакевски Берово нема чиста вода за пиење, а од ветените проекти за Младински културен центар и ГП Клепало нема ни трага ни глас
Следно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ