ТЕМЕЛНА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА „МЛЕЧЕН“

4
ТЕМЕЛНА АКЦИЈА НА ЧИСТЕЊЕ И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА „МЛЕЧЕН“

Општинските служби продолжија со акција на темелно чистење и уредување на јавниот (урбан) простор на плоштадот „Млечен“, во урбаната  заедница „Владо Тасевски“. Во рамките на акцијата се посадија нови нискостеблести растенија, а ќе се изврши миење и дезинфекција на клупите, ќе се кастрат и дрвјата, сè со цел плоштадот „Млечен“ да добие подобар естетски изглед, нов сјај и подобра прегледност на амбиенталниот простор, но и ќе се исчисти целосно самиот плоштад. Дополнително, се работи и на санација на дефектот на системот за полевање кој ќе биде во служба на одржување на зелените површини.

Со овие активности „Млечен“ станува  почисто , поуредено и побезбедно  јавно место  за сите граѓани кои го користат за одмор, рекреација и дружење.

Општина Карпош продолжува со интензивни активности за одржување на јавната хигиена, зеленилото, урбаната опрема и темелно чистење на останатите плоштади  низ  цела општина.

Апелираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат јавните простори за заеднички да ги зачуваме чисти, уредени и функционални за сите генерации.

Извор на соопштението

Претходно соопштение3 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски за реформската агенда
Следно соопштениеОД БИО ОТПАД ДО ЗЕЛЕНИ БИЗНИС ИДЕИ