Тротоарот и велосипедската патека на улица Јане Сандански узурпирани како резултат на градежни активности од приватен објект Левица

8
Тротоарот и велосипедската патека на улица Јане Сандански узурпирани како резултат на градежни активности од приватен објект Левица

Узурпацијата на јавна површина во охридскиот регион поради сопствени потреби на поединци продолжува. Како резултат на градежните активности од приватен објект сега опфатен е безбедносниот појас за пешаци и велосипедисти на улицата Јане Сандански. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот со најголема опасност за пешаците и велосипедистите кои се приморани да го користат коловозот.

Потсетуваме дека како и останатите летни сезони, така и оваа сезона во Охрид имавме вистински сообраќајен хаос предизвикан од дивеењето на урбаната мафија чија цел е единствено остварување профит занемарувајќи ја безбедноста на постарите лица, учениците и мајките со колички.

Апелираме до надлежните органи за навремено реагирање и воведување ред со цел заштита на учесниците во сообраќајот.

https://www.facebook.com/levicaohrid/posts/pfbid025a3W2szmhrvPu2hGZm7dmBZu773bXGLF4dvhL7qd39XyAehk4RqnWSH6u59MLPSml

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеАД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон
Следно соопштениеНОВА ОПРЕМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА – ФОКУС НА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ