Згрозени сме од морбидните пораки на профил близок до Филипче и СДС, институциите веднаш да постапат и да има одговорност

1
Згрозени сме од морбидните пораки на профил близок до Филипче и СДС, институциите веднаш да постапат и да има одговорност

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од морбидните и нечовечки пораки кои се шират од профил кој во јавноста се поврзува со структури блиски до Венко Филипче и СДС.

Во време кога целото општество се простува од големиот македонски актер Гоце Тодоровски, крајно вознемирувачки и неприфатливо е некој да се радува на неговата смрт, а истовремено да упатува пораки со кои посакува смрт на други луѓе, во случајов на Богдан Илиевски.

Написот на објавената фотографија од актерските великани Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Богдан Илиевски, на кој се вели дека двајцата, сега веќе покојни глумци, „двајца долу, уште еден остана“, е јасна морбидна порака за посакување смрт на млад човек, јавна личност и новинар.

Ова не е политика, ова е дно на човечноста и опасен говор на омраза кој не смее да се премолчи или да се релативизира.

Бараме надлежните институции веднаш да реагираат и да постапат согласно законите за да го истражат случајот и да го идентификуваат профилот.

Од друга страна, очекуваме и Венко Филипче и раководството на СДС јавно да се оградат од ваквите морбидни пораки кои доаѓаат од профили, зад кои стојат луѓе блиски до нив.

Никој не смее да биде над законите и за ваквите постапки мора да има одговорност, без разлика кој стои зад нив и на која политичка опција ѝ припаѓа.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГрадоначалникот Сотир Лукровски гостин во емисијата „На прва“
Следно соопштениеОПШТИНА КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПОДОБРА КАНАЛИЗАЦИОНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ЗЛОКУЌАНИ