td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/soopstenie/public_html/wp-includes/functions.php on line 6170The post Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.
Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност.
Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.
Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните.
Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба.
Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар.
The post Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата, нови водоводи, канализации, пречистителни станици со цел развој и заштита на животната средина appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Низ целата држава се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Секоја реализирана инвестиција значи подобра инфраструктура, почиста животна средина и поквалитетни услови за живот.
Со инвестиција од 376 милиони денари започна регулацијата на коритото на Сува Река, со што конечно се решава долгогодишен проблем што со децении ги засега жителите на овој регион. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани.
Се заврши уредувањето на коритото на Мала Рада, се реализира изградбата на нов водоснабдителен систем во Лениште, во вредност од над 21 милиони денари.
Во завршна фаза е реконструкцијата на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари со што се намалуваат загубите на вода и се обезбедува поквалитетно водоснабдување.
Во Струга започна изградбата на канализациониот систем во село Враништа, инвестиција вредна над 91 милиони денари целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит.
Во Чучер Сандево се реализира изградба на современа пречистителна станица, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и уште еден значаен чекор кон почиста и поздрава животна средина.
Обезбедени се средства и започната е реализација на повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата. Тоа е доказ дека развојот не е само ветување, туку процес што секојдневно се реализира на терен.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена на инвестиции што носат долгорочни придобивки за граѓаните. Целта е јасна, модерна инфраструктура, чиста животна средина, сигурно водоснабдување и подобар квалитет на живот во секоја општина.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со уште посилно темпо, затоа што граѓаните заслужуваат работа, инвестиции и сигурна иднина, а не празни ветувања и изгубени години.
The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата, нови водоводи, канализации, пречистителни станици со цел развој и заштита на животната средина appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Вмровскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Со измените, забраната за користење дом повеќе нема да трае најмногу една година, туку од најмалку една до дури пет години, и тоа не само во домот каде што наводно е сторена повредата, туку во студентските домови на територијата на целата држава. Една управа ќе може практично да му ја пресече можноста за домување на студентот во целиот тек на студирањето.
Притоа, во ист санкциски кош се ставаат целосно НЕСПОРЕДЛИВИ ситуации: насилство, дискриминација и намерно уништување имот се изедначуваат со долг за сместување, внесување алкохол, непријавен дефект или спречување контрола во собата. Нема сериозно степенување според тежината, намерата, последиците и околностите. ДПМНЕ пропишува распон до пет години, но не пропишува јасни мерила според кои ќе се утврди дали некој ќе биде исклучен една, три или пет години.
Пушти гласна музика – ќе те евидентираат, ако ја повториш оваа повреда може да те исфрлат од сите студентски домови пет години. Внеси лименка пиво без да направиш штета или инцидент – ќе се најдеш во истиот санкциски кош со оној што го демолирал инвентарот и предизвикал голема материјална штета.
Затоа, овој Закон не може да се нарече дека е за студентски стандард, туку за касарнски режим скроен за послушни станари, односно ПАРТИСКИ подобни. А зад магливите формулации се отвора идеален простор за пресметка со независните, бунтовните и непокорните студенти кои јавно ги разобличуваат проблемите и одбиваат да бидат дел од клиентелистичката машинерија на ДПМНЕ.
Правно несмасно е изработен и новиот систем на бодирање. Преминувањето од вкупен семеен приход кон приход по член може да биде поправичен пристап, но ДПМНЕ го воведува половично и неусогласено. Во членот за бодирањето се предлага приход по член, додека непроменетиот член 32, кој го уредува целосното покривање на сместувањето и исхраната, сè уште се повикува на вкупниот семеен приход. Така, еден студент може да биде признаен како социјално ранлив за бодирање, но истовремено да не биде признаен како ранлив при плаќањето на трошоците.
Уште полошо, членот 24 и натаму резервира 40% од местата за студентите од ставовите 1 и 2 на членот 25. Но со новото пренумерирање, дел од социјалните категории се префрлаат во нов став 3, без паралелна измена на членот 24. Со една техничка несмасност, категории кои досега биле опфатени со квотата може да останат надвор од неа.
Дополнително, формулата „до 100 бода“ останува необјаснета, а министерот добива простор суштинските правила да ги допишува со подзаконски акт. Нема законска скала на приходи, не е определено дали се однесува на бруто или нето приход, прецизна распределба на бодовите, јасни правила при изедначување ниту гарантирано право на целосен увид во пресметката.
Конечно, закон насловен како „Закон за студентскиот стандард“ не смее да биде сведен само на легла, куќен ред и казнени мерки. Студентскиот стандард значи стипендии, градски и меѓуградски превоз, кирии, достапно домување, квалитетна исхрана, кредити со социјални гаранции, здравствена и психолошка грижа, дигитална опрема, културни и спортски поволности и посебна заштита за студентите од сиромашни и ранливи семејства.
The post Вмровскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите first appeared on Левица.
The post Вмровскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Флашираната вода не ја исполнува ниту законската обврска на Владата кон Гостиварци appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Законот за здравствената заштита изречно ја задолжува државата да обезбедува заштита од штетното влијание на загадената вода, активности за зачувување на здравјето, откривање, спречување и сузбивање заразни болести, како и хигиенско-епидемиолошки минимум на населението. Средствата за остварување на овие права и државни интереси се обезбедуваат од Буџетот. Значи, не станува збор за добра волја на Владата, туку за нејзина позитивна законска обврска.
Формулацијата „хигиенско-епидемиолошки минимум“ во ваква криза значи создавање реални услови граѓаните да ја одржуваат личната и колективната хигиена, да бидат заштитени од натамошно пренесување на причинителите и навремено да добијат здравствена помош. Безбедната вода, санитарните услови, следењето на заразните заболувања и спроведувањето превентивни мерки се суштински дел од јавното здравје.
Гостиварци немаат потреба само од вода за неколку чаши дневно. Ним им е потребна исправна вода за подготвување храна, миење садови, одржување лична хигиена, нега на деца, стари лица, болни и неподвижни членови на семејствата. Флашираната вода во ограничени количества не може да ги покрие поттребите.
Затоа Владата мора да распореди доволен број цистерни со контролирана, здравствено исправна вода во сите населби, а не само на неколку централни пунктови. Мора да воспостави јасен распоред, непрекинато снабдување и директна достава до домовите на старите, болните, лицата со попреченост и семејствата што немаат превоз или физичка можност да носат десетици литри вода.
Потребно е бесплатно да се обезбедат средства за хигиена и соодветни дезинфекциски препарати за раце и површини во здравствените установи, градинките, јавните објекти, колективните сместувања и за домаќинствата што не можат сами да ги купат.
Владата треба да испрати дополнителни медицински екипи во Гостивар. Локалните лекари и медицински сестри не смеат сами да го изнесуваат товарот на криза што ги надминува редовните капацитети на една болница. Потребни се засилени дежурства, посебни пунктови за процена на пациентите, мобилни тимови за домашни посети и достапна стручна телефонска линија.
Најранливи се децата, старите лица, хронично болните, бремените жени и лицата со ослабен имунитет. Кај малите деца и постарите пациенти дехидратацијата може да стане сериозна, а семејствата не секогаш можат навремено да ги препознаат предупредувачките знаци. Токму затоа државата не смее да чека секој болен сам да стигне до болница, туку мора активно да стигне до загрозените домаќинства.
Преку матичните лекари и јавните здравствени установи треба бесплатно да се обезбедат орални рехидратациски раствори, електролити и друга терапија што ќе биде назначена според лекарска процена.
Неприфатливо е семејство со повеќе заболени членови, поради пропуст на јавниот систем, секојдневно да остава значителни средства во аптеките. Граѓаните веќе ја платиле оваа катастрофа со сопственото здравје. Не смеат дополнително да ја плаќаат и терапијата за нејзините последици.
Потребна е и организирана дезинфекција според епидемиолошка процена на местата со зголемен ризик: здравствени установи, санитарни јазли, градинки, јавни објекти и простории во кои престојуваат поголем број луѓе.
[23.7.2026 11:10] Darja M: Истовремено мора да се воспостави непрекинат санитарен и лабораториски надзор над водоводниот систем: мостри од повеќе точки, јавно објавени резултати, испирање и дезинфекција на цевководите и јасни критериуми според кои водата повторно ќе биде прогласена за безбедна.
Но, Владата на ДПМНЕ не ја презема кризата како сериозен државен проблем. Таа се однесува како гостин во сопствената држава – ќе донесе вода, ќе даде изјава, ќе ја префрли вината на локалното претпријатие и ќе си замине. Не, господа од ДПМНЕ!
Ваша обврска не е само да ја изгаснете жедта пред камерите. Ваша обврска е да го спречите ширењето на заболувањето, да ги обезбедите условите за хигиена, да ги зајакнете медицинските капацитети, да ја покриете неопходната терапија, да стигнете до секое ранливо домаќинство и да воспоставите безбеден водоснабдителен систем.
Левица бара итна целосна мобилизација на државните капацитети – цистерни и домашна достава на исправна вода, средства за лична и просторна хигиена, дополнителни медицински и мобилни екипи, бесплатна терапија според стручна процена, санитарна дезинфекција, лабораториски надзор.
The post Флашираната вода не ја исполнува ниту законската обврска на Владата кон Гостиварци first appeared on Левица.
The post Флашираната вода не ја исполнува ниту законската обврска на Владата кон Гостиварци appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Нов директор на Фондот за здравствено осигурување, истата негрижа на ДПМНЕ кон родилките appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Левица предупредува за овој проблем во континуитет, но ФЗОМ и понатаму молчи, а родилките повторно се принудени да живеат во неизвесност, секојдневно проверувајќи ги своите сметки и молејќи за информација кога конечно ќе им биде исплатено она што по закон им следува.
Породилниот надоместок не е социјална помош, ниту подарок од Владата. Тој е право кое произлегува од работен однос и од придонесите што жените со години ги уплаќале во системот. Кога државата доцни со исплатата, таа не „штеди“ свои пари – таа ги задржува парите на жените кои веќе ги заработиле. Наместо институциите да ја понесат одговорноста за сопствената неспособност, товарот повторно паѓа врз родилките, во период кога тие имаат најголеми трошоци и најмалку можности да обезбедат дополнителен приход. Додека државата не ја исполнува својата законска обврска, жените се принудени да позајмуваат пари, да ги трошат своите заштеди или да зависат од семејството за да обезбедат млеко, пелени, лекови и основни услови за своето новороденче.
Ова е најдобриот показател колку вредат фамозните „семејни вредности“ со кои ДПМНЕ секојдневно се фали. Кога треба да се држат говори за демографија, наталитет и семејство, мајката е главен политички симбол. Но кога истата таа жена ќе побара државата да ја исполни својата законска обврска, тогаш добива вртење на грб. Очигледно, за ДПМНЕ жената е важна само додека може да послужи како декор за нивната конзервативна реторика. Кога треба реално да се поддржи, моќта на Владата и на институциите магично исчезнува.
Во општество во кое најголемиот дел од грижата за децата и понатаму паѓа врз жените, државата дополнително ги казнува токму во најранливиот период од нивниот живот. Наместо мајчинството да биде период во кој државата обезбедува сигурност, ДПМНЕ го претвора во уште една борба за гола егзистенција.
Во меѓувреме, Фондот за здравствено осигурување доби нов директор – Златко Перински. Но, промената на директорската функција не донесе промена и за родилките. Напротив, новото раководство ја продолжува истата практика на институционална негрижа, оставајќи илјадници жени без законски загарантираниот приход во периодот кога им е најпотребен. Очигледно, ниту новото раководство на ФЗОМ нема намера да стави крај на понижувачката практика родилките со месеци да чекаат исплата на сопствените средства.
Левица бара итна исплата на сите заостанати породилни надоместоци, воспоставување јасни и редовни рокови за месечна исплата и целосна одговорност од Фондот за здравствено осигурување за хроничното доцнење.
Влада која навреме ги исплаќа функционерите, а ги остава родилките со месеци без законски загарантиран приход, нема никакво морално право да зборува за демографија, семејство и грижа за мајките.
The post Нов директор на Фондот за здравствено осигурување, истата негрижа на ДПМНЕ кон родилките first appeared on Левица.
The post Нов директор на Фондот за здравствено осигурување, истата негрижа на ДПМНЕ кон родилките appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Турците повторно сведени на политички украс – „без ресор“ е само скапо платена функција која треба да се укине appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Со ваквото декоративно именување, турското етничко малцинство не добива никакво политичко влијание, туку повторно служи како параван за личното напредување на нивните партиски претставници. Како и досега, од наводната “репрезентација“ нема да добие заедницата, туку многу тесен круг функционери кои, повикувајќи се на нејзиното име, си обезбедуваат титули, плати и привилегии. За народот останува симболиката, а за избраниот целата материјална корист.
Таков беше моделот и досега – политичките претставници се вдомуваат, а граѓаните остануваат во истата дупка. На народот му се сервира етничка симболика, а на партиските врвови им се обезбедуваат привилегии. Едните добиваат соопштение за наводна застапеност, другите добиваат функција, огромна плата и пристап до владиниот апарат. Откако ќе завршат фотографирањата и свечените изјави, Турците повторно остануваат сами со истите проблеми, а новоименуваните продолжуваат да живеат од нивното име.
Министер без ресор е една од најголемите бесмислици на пренатрупаната извршна власт. Човекот ја носи титулата министер, чат-пат се појавува на настани и фотографии, а никој, веројатно ни тој самиот, не може јасно да објасни што точно му е работата. Практично, се шета низ Владата со министерски статус и празна агенда, чекајќи некој дополнително да му измисли причина зошто воопшто е таму. Како некоја скапо платена детска игра без никаква потреба за државата.
Левица одамна се залага за укинување на министрите без ресор и на останатите паразитски позиции создадени за партиски пазарења и кадровско вдомување. На Македонија не ѝ треба влада натежната од декоративни титули, туку функционален и одговорен извршен апарат, во кој секој член ќе раководи со конкретен систем и ќе може да биде повикан на одговорност за својот резултат.
И биографијата на предложениот кандидат совршено се вклопува во празнината на позицијата. Како посебни квалификации се набројуваат членства во општински комисии од времето кога бил советник во Општина Гостивар – обврски што природно произлегувале од советничкиот мандат. Како работно искуство е заведена ангажираноста во правниот сектор на сопствената партија.
Најсериозната ставка е заменик-директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување од 2021 до 2024 година. Но, токму тоа искуство отвора прашања, наместо автоматски да произведува препорака за “унапредување“. По трагедијата во Кочани, јавноста дозна колку длабоки биле слабостите во системот што требало да спречува опасности, да врши контрола и да го штити населението. Зејнула како дел од раководството на Дирекцијата е должен да објасни што направил за нејзино функционално зајакнување, какви пропусти затекнал, кои ги отстранил и каква одговорност понел за состојбите во периодот кога бил на функција. Не може титулата од Дирекцијата да се користи како доказ за способност, а прашањата за резултатите од тоа раководење да се прескокнат.
Ова именување нема да направи ништо за турскато етничко малцинство. Ќе произведе само уште еден добро платен претставник што ќе зборува во име на тоа малцинство, додека тоа и понатаму нема да одлучува за ништо.
The post Турците повторно сведени на политички украс – „без ресор“ е само скапо платена функција која треба да се укине first appeared on Левица.
The post Турците повторно сведени на политички украс – „без ресор“ е само скапо платена функција која треба да се укине appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Наместо оваа одлука да биде причина за славење, таа треба да биде причина за срам. Со години добиваме нови рокови, нови препораки и нови предупредувања, а проблемите остануваат исти. Денес зборуваме за 4.847 дивоградби во Охридскиот Регион, бројка која сама по себе покажува дека институциите со години ги пикаат работите под тепих и не ја вршат својата работа. Најдобар доказ за тоа е што од 2019 до 2024 година биле издадени 456 конечни и извршни решенија за уривање, а ниту едно не било спроведено.
Изјавата дека дивоградбите „треба да се рушат на законски начин“ доаѓа предоцна. Прашањето е зошто тие воопшто биле дозволени да се изградат? Каде беа институциите кога никнуваа илјадници нелегални објекти? Владеењето на правото не започнува со рушење, туку со спречување на беззаконието.
Левица алармира со години на оваа тема, на секоја седница, пред и по секој извештај. УНЕСКО повеќе од една деценија повторува идентични забелешки: отстранување на дивоградбите, запирање на неконтролираната урбанизација, заштита на крајбрежјето и доследно спроведување на законите. Наместо исполнување на препораките, државата со години се потпира на нови пролонгирања.
Охрид не смее да стане пример како се троши меѓународниот кредибилитет на една држава, а статусот на светско наследство не е вечен. Тој се заслужува со одговорно управување, кое очигледно го нема!
Ова се веројатно последните пет години, кои не ги добивме затоа што сме биле успешни во управувањето. Ако и оваа шанса биде потрошена на изјави, комисии и административни процедури, тогаш вината ќе мора да ја побараме во оние што со години дозволуваа Охрид да се претвора во симбол на институционална негрижа, наместо во пример за заштита на светското наследство.
The post Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО first appeared on Левица.
The post Владата доби пет години за уривање на дивоградбите – Охрид „се спаси“ од црната листа на УНЕСКО appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post „Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Последното уништување на реката е од МХЕЦ „Кадина Река“, за која Регулаторната комисија за енергетика на 20 јануари 2026 година издаде лиценца за пробна работа. Оваа лиценца и овозможува на централата со инсталирана моќност од 5.400 kW да произведува 7.400 MWh струја годишно. И додека граѓаните се борат со високите сметки за струја и уништената животна средина, привилегираните поединци си градат хидроцентрали и продаваат струја по повластени цени.
Кој стои зад оваа централа? Носител на лиценцата е „Еко Тера“ ДОО Скопје, но, вистинските сопственици се три фирми:
Една фирма, три раце, еден интерес. Ацо Ристов, кој како претседател на РКЕ одлучува за енергетските политики на државата, истовремено гради хидроцентрала која ќе му носи милионски профити. Иако формално откажан од милионските бизниси во енергетиката, изборот на Ацо Ристов за претседател на РКЕ, покажа дека Мицкоски ја зацврсти својата бизнис мрежа во овој високо профитабилен сектор.
Регулаторната комисија за енергетика, наместо да ги штити јавниот интерес и природата, издава лиценци за вакви проекти. Кој ги контролира контролорите?
Левица бара:
Додека институциите молчат, а природата умира, Левица ќе продолжува да ги разоткрива ваквите случаи. Оваа држава не е приватна сопственост на неколкумина, таа е наша, и за неа ќе се бориме со сите законски средства.
The post „Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник first appeared on Левица.
The post „Еко Тера“, поврзана со првиот регулатор Ристов, ја претвори Кадина Река во камењарник appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Тоа значи дека речиси секој десетти денар што власта ќе го потроши е позајмен. Од вкупното финансирање, над 54 милијарди денари, или околу 71%, се врзани за странски кредитори. Само каматниот товар изнесува повеќе од еден милион евра дневно – уште пред да се отвори првиот шалтер, да започне првиот час во училиште или да биде прегледан првиот пациент, државата веќе натрупала нова милионска сметка.
Власта истовремено ги зголемува капиталните расходи за околу 5,8 милијарди денари, иако до крајот на мај реализацијата на веќе планираните капитални инвестиции изнесувала само 38,5%. Значи, не се решава неспособноста да се реализираат постојните проекти, туку на хартија се додаваат нови милијарди за нови прес-конференции, ленти и предизборни ветувања.
Во истиот ребаланс се наоѓаат две милијарди денари за прикривање на неспособноста на вмровските градоначалници и уште 200 милиони денари за “изборна опрема”.
Ребалансот ја открива целата филозофија на оваа власт – задолжувањето е државно, користа е партиска, а сметката е народна. Секој жител годинава се задолжува за приближно 680 ЕУР, но граѓаните нема да добијат институции посилни за 680 ЕУР, подобро здравство, подостоинствена социјална заштита или побезбедни градови. Ќе добијат камати што ќе ги плаќаат дури и генерации кои денес немаат ниту право на глас.
Левица поднесе амандмани за противпожарна заштита, планинска безбедност и спасување, реконструкција на спортски објекти, поддршка на младите и врвните спортисти, државно домување, земјоделски откупни центри, шелтер-центри и сервиси за жртви на насилство, канализациски и пречистителни системи, санација на депонии и јаловишта, заштита на културното наследство, домашна образовна и културна продукција, научноистражувачки капацитети и низа други конкретни јавни потреби.
Сите амандмани на Левица беа одбиени, освен еден кој беше делумно прифатен.
ДПМНЕ утре ќе гласа документ во кој задолжувањето е прогласено за развој, а ниската реализација се прикрива со нови ветувања. Ќе побара од народот да ја плати нивната неспособност, од младите да ги отплаќаат нивните долгови и од идните генерации да ги покриваат денешните политички калкулации.
The post Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени first appeared on Левица.
The post Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>The post Сомнежи за еколошки криминал во Долни Балван – фекалии се испуштаат во Брегалница? appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>Според доказите што ги доставиле, шталата е изградена непосредно до каналот, а на фотографиите се гледа и лице кое физички го турка изметот кон водотекот. Во пријавата се наведува дека не станува збор за изолиран случај, туку за долгогодишна пракса на директно загадување на Брегалница.
Дополнително, жителите изразуваат сомнеж дека сопственикот на фармата има блиски односи со овластен инспектор од Општина Штип, поради што бараат случајот да не остане во надлежност на локалните структури, туку постапката да ја води Државниот инспекторат за животна средина.
Само неколку дена по трагедијата во Гостивар, каде што илјадници граѓани со недели беа изложени на вода загадена со фекалии поради институционални пропусти, државата повторно добива предупредување за можен сериозен еколошки инцидент. Водите на Брегалница се користат за наводнување на земјоделските површини во целиот регион, а жителите предупредуваат дека во непосредна близина се наоѓаат и штипските бунари за водоснабдување. Токму затоа, институциите денес имаат можност да спречат нова катастрофа, наместо повторно да реагираат откако штетата веќе ќе биде направена.
Левица бара Државниот инспекторат за животна средина итно да испрати државен инспектор на терен, да изврши вонреден инспекциски надзор, да земе мостри од водата, да ја утврди фактичката состојба и, доколку се потврдат наводите, без одлагање да поднесе кривична пријава и да ги преземе сите мерки предвидени со закон. Истовремено, бараме јавноста да биде целосно информирана за текот и исходот на постапката.
Граѓаните од Долни Балван си ја завршија својата обврска – собраа докази, поднесоа пријава и јавно предупредија на опасноста. Сега на ред се институциите да покажат дали законот важи подеднакво за сите или повторно ќе надвладее логиката на личните врски и заштитените поединци на штета на здравјето на граѓаните.
The post Сомнежи за еколошки криминал во Долни Балван – фекалии се испуштаат во Брегалница? first appeared on Левица.
The post Сомнежи за еколошки криминал во Долни Балван – фекалии се испуштаат во Брегалница? appeared first on SOOPSTENIE.mk.
]]>