Предмет: Известување
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерно место:
Локален водоснабдителен систем – Ореовец – јавна чешма сред село – Водата не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло како и зголемен број колонии бактерии на 37 степени и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 мин. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Село Леништа -јавна чешма сред село – водата не е здрвствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло, како и зголемен број на калонии бактерии на 22 и 37 степени и не смее да се користи за пиење.Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Општина Прилеп